Венгер откри зошто никогаш не се вратил во Арсенал

316

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер прв пат јавно откри поради кои причини по заминувањето од Арсенал во 2018 година никогаш повеќе не се појавил во клубот. Венгер го предводеше Арсенал на 1228 натпревари со ефект од 704 победи, три пати беше шампион на Премиер лигата, седум пати го освои ФА купот.
По заминувањето никогаш повеќе не се врати на „Емирати“.
Не сум бил таму од 2018 година. По 22 години во клубот како менаџер, можеби дојдов на крајот на патот и луѓето сакаа промена. Клубот избра друг правец и јас тоа потполно го разбирам. Понекогаш ви требаат нови луѓе, а моето присуство таму можеше да биде проблем“, изјави Венгер.

Затоа останав потполно далеку, за да му дадам на клубот шанса да изгради врска со новиот менаџер. Затоа не сум разговарал за Арсенал ниту сум се вратил на „Емирати“. Сепак, се уште чувствувам врска со Арсенал такашто навивам за нив преку ТВ“, изјави Французинот.
По Венгер, на клупата на Арсенал седна Унаи Емери но не се прослави, па замина, а сега на негово место е Микел Артета.

ПретходноИбраими: Седумте победи по ред ги зголемија апетитите, сакаме победа над Тиквеш
СледноДа се знае кој е кој: Мурињо и Фергусон со најмногу победи на европските мечеви! (ФОТО)