Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер, испрати писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин, во кое бара Белорусија да биде исклучена од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година поради нејзината поддршка за Русија.
„Не само Русија, која води насилна војна со кршење на меѓународното право, туку и Белорусија, најголемиот поддржувач на Русите, треба да биде исклучена од меѓународните фудбалски натпревари и турнири“, се вели во писмото.
Германија ќе биде домаќин на Евро 2024 година.