Претседателот на заедницата на агенти на Шпанија, Педро Кастро го навлече гневот врз себе откако во во тв емисија во која што се коментира и анализира шпанската примера односно настапите на шпанските клубови во Европа, јавно го прозва Винициус Жуниор и го нарече „мајмун“. Пред се поради неговата прослава на погодоците, за кои смета дека не покажува респект кон соиграчите, клубот но и кон ривалите.
Винициус како и поголемиот дел од јужноамериканските фудбалери ги слави погодоците со танц што за Кастро очигледно е навредливо.
„Играње Самба е за на карневал. Не за на фудбалски терен. Ако го правите тоа одете на Самбодра (бина за играње самба во Рио). На фудбалски терен мора да се однесуваш како што треба за да ги почитуваш колегите и се останато околу тебе, а не да се однесуваш како мајмун“ – рече Кастро.
По тоа беше прекинат од водителот кој му рече дека не смее на таков начин да се обраќа кон личности во емисијата, особено за оние кои не се присутни.
“Você (Vini Jr) tem que respeitar o rival. Se quer dançar, que vá ao sambódromo no Brasil. Aqui você tem que respeitar os companheiros e deixar de fazer o macaco.”
– Pedro Castro, Presidente da Associação de Agentes Espanhóis, no programa El Chiringuito. pic.twitter.com/m7k8MhiGEy
— FutebolNews (@realfutebolnews) September 16, 2022