43-годишниот италијански стручњак Роберто Де Зерби ќе биде новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Брајтон, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Преговорите меѓу Де Зерби и клупското раководство на Брајтон се одвиваат добро, а одлуката на клубот за именувањето на Де Зерби како нов менаџер се очекува најдоцна до понеделник.
Италијанецот во 2013 година ја започна својата тренерска кариера. Во 2016 година беше на чело на Сасуоло, во 2017/18 година го предводеше Беневенто, а од 2018 до 2021 година беше тренер на Сасуоло. Сезоната 2021/22 ја мина како главен тренер на Шахтјор Доњецк.