Дресот на Џордан продаден за рекордни 10.1 милиони долари

99

Спортските фанатици и богатите колекционери никогаш не жалеле пари за да дојдат до скапоцено парче кој нивниот свет ќе го направи посреќен. Често светот знае да биде шокиран од потег на некој анонимен колекцинер кој ќе издвои милиони за на пример боксерските ракавици на Мухамед Али, спринтерските на Карл Луис или слично.

Во таа насока, светот го просведочи рушењето на рекордот за најскапо платен спортски сувенир. Дресот на легендарниот Мајк Џордан кој тој го носеше на првиот меч од финалето во 1998 година против тимот на Јута Џез е продаден за 10.1 милион долари.

Истиот ја надмина сумата која  беше платена за дресот на Диего Армандо Марадона кој тој го носеше на дуелот против Англија и во кој го постигна оној легендарен гол наречен „Божја рака“. Тој чинеше 9.3 милиони долари.

„Уште кога ја најавивме аукцијата и што на неа ќе биде понудено се почувствува еуфоријата. Очекувавме дресот да достигне цена од 3 до 5 милиони долари, но ова дефинитивно ја потврдува големината на Мајкл Џордан и дефинитивниот негов статус за најдобар на сиге времиња“ – изјавија од аукциската куќа.

 

ПретходноСан Сиро се руши на 1. јануари 2024 година
СледноКласичен пример на брука и срамота, Артур го бркаат од Ливерпул по само две недели