Мечот од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Копенхаген и Севиља нема да биде запаметен како нешто посебно во фидбалски смисол. Истиот заврши 0:0 и екипите ги поделија бодовите.
Она што пак навистина го означи овој меч како посебен е потегот на организаторот на мечот, ФК Копенхаген кој одлучи гостите од Шпанија, навивачите на Севиља, да ги пречека што е можно подобро. Па така, на полувремето ги почести си пијалоци, потег од кој шпанците беа шокирани.
Секако, реагираа позитивно, го поздравија потегот на домаќинот, и веројатно ќе пробаат некако да возвратат.
Инаку Данска е држава со исклучително висок стандард, па да речеме дека чаша пиво на стадионот чини осум евра, додека соковите по шест.
Salud @SevillaFC 🍻
Thanks for traveling to Copenhagen ⚪️🔵#fcklive #ucl #copenhagen #fcksfc pic.twitter.com/HUhtWxMkGm
— F.C. København (@FCKobenhavn) September 14, 2022