Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман во финалето на меѓународниот кошаркарски турнир „Земун Куп 2022“ кој денеска и утре се одржува во Белград.
Во вечерашното полуфинале, нашиот кошаркарски шампион слевеше над екипата на Борац Бања Лука со 85-66.
Босанскиот тим е добро познат ривал на нашоот првак од АБА2 лигата, но МЗТ Скопје вечерва покажа дека новата сезона ја пречекува во мнногу подобра форма од нив. Аеродромци уште во првото полувреме ја најавија победата, откако на пауза заминаа со +14.
Утре МЗТ Скопје А. ќе игра во финалето против екипата на Младост Земун, која во првото полуфинале го совлада тимот на Вршац со 89-78.