Осум играчи на Ајакс во составот на Холандија, двајца се дебитанти

147

Луис ван Гал го соопшти составот со кој Холандија ќе ги одигра следните натпревари во Лигата на нациите против Белгија и Полска. Тоа се водено и двата последни натпревари на „лалињата“ пред стартот на Мундијалот во Катар во ноември.
Ван Гал го потврди составот и на него се осум фудбалери на Ајакс, од кои двајца се дебитанти. Голманот Ремо Пасвер и офанзивецот Кенет Тејлор се новите имиња во репрезентацијата, а доаѓаат од Ајакс. Другите играчи од Ајакс се Џуриен Тимбер, Девин Ренш, Дејли Блинд, Дејви Класен, Стивен Бергхуис и Стивен Бергвајн.
Ги нема Рик Карсдорп, Гас Тил, Жорди Класи, Вајналдум, Дони ван де Бек, Лук де Јонг, Дониел Мален, Арнат Данџуба.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев го објави партнерството со ФК Брера
СледноЕнрике со големи промени за мечевите со Швајцарија и Португалија од ЛН