Роналдо повторно го шокираше светот, дрско одби да направи селфи (ВИДЕО)

374

Синоќа тимот на Манчестер Јунајтед во рамките од Лигата на Европа гостуваше во Молдавија. Триумфираше над тимот на Шериф со 0:2, а Кристијано Роналдо беше стрелец на еден од погодоците.

На полувремето, Португалецот беше замолен од девојка која беше дел од медицинскиот тим на стадионот, за заедничка фоторгафија, но тој одсечно одби да го стори тоа. ТВ преносот го регистрираше овој негов потег, па сега нормално, светот реагира како да е крајот на светот. Дотичната девојка остана без скапоцената фотографија, а Роналдо по којзнае кој пат во последните дваесетина години колку што е во центарот на светското внимание го направи светот биполарен. Половина го обожава, половина го мрази.

 

ПретходноДинамо му го честиташе јубилејот на Адеми
СледноСан Сиро се руши на 1. јануари 2024 година