Тен Хаг: Роналдо само да влезе во правата форма и головите ќе дојдат сами

257

Кристијано Роналдо синоќа беше стрелец од белата точка за тимот на Манчестер Јунајтед во мечот од Лигата на Европа против екипата на Шериф Тираспол.

Тој не ја има главната улога во тимот како некогаш и тоа на сите им е јасно зошто. Веќе не е така млад, има пред него далеку по подготвени играчи, а и самиот тој во потрага по нов клуб, летово пропушти голем дел од подготовките на Јунајтед. Менаџерот Ерик Тен Хаг застана во негова одбрана што е и нормално.

„Не можете да очекувате од Кристијано да биде во топ форма кога пропушти огромен дел од подготовките. Ќе треба напорно да работи за да ја постигне својата посакувана форма, и тоа е во ред. Сигурен сум дека тој ќе го стори тоа и дека головите кои ги постигнуваше редовно повторно ќе бидат тема. Тој е предан целосно на тимот и е значаен дел од него“ – изјави Тен Хаг.

ПретходноКопенхаген е одличен домаќин, бесплатно пиво за сите гостински навивачи (ВИДЕО)
СледноАлегри е сигурен, но неговите помошници одат во „аут“