Уште еден клуб од Премиерлигата ќе добие американски газди

273

Американецот Бил Фоли, сопственик на хокеарскиот клуб Вегас Голден Најтс, е во напредни преговори за купување на англискиот фудбалски клуб Бурнмаут. Ова го откри лично мнозинскиот сопственик на тимот, Максим Демин.

Според информациите, 77-годишниот Фоли ќе се стекне со 100 отсто од акциите на Бурнмаут. Прогнозите велат дека договорот ќе биде завршен пред почетокот на СП во Катар во ноември.

Иако е голема веројатноста да се случи продажба, Демин, кој има руско и британско државјанство, не престана да ја развива клупската инфраструктура во последните месеци. Во моментов се гради нова тренинг база на клубот, а за последната година инвестициите во клубот изнесуваа 60 милиони фунти.

ПретходноМЗТ Скопје А. го „растури“ Борац БЛ и обезбеди финале на „Земун Куп 2022“
СледноГерманија бара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за Евро 2024