Џиџи Бекали: Се договорив со Николов на една година, може да остане и повеќе!

406

И дефинитивно, она што “Спортмедиа“ го најави вчера, Бобан Николов е ново име во Стеауа или по ново ФЦСБ. Оваа инфомација денеска за медиумите во Романија ја потврди и Џиџи Бекали, големиот газда на најпознатиот клуб во Романија.Image

Да, можам да потврдам дека Николов е наш фудбалер. Го договорив на една година, но може да остане и повеќе. Главниот виновник за овој трансфер е Флорин Настасе. Едноставно го прашав што фудбалер е Николов, а тој ми рече дека ќе биде големо, супер засилување. Не се сомневам во неговите зборови“ посочи покрај другото Бекали.

ПретходноНов пресврт: Ќато е тренер на Шкендија, се врати пред утрешното супер – дерби со Шкупи!
СледноФА го казнува Џеси Марш на еден натпревар