На 23 септември во Тбилиси, селекцијата на Грузија ја дочекува Македонија во меч од 5.коло во групата во Лигата на Нации. Познато е дека во Скопје, во јуни, Грузијците одиграа феноменален меч и славеа над момците на Благоја Милевски со 0:3.
Во пресрет на стартот на подготовките за овој меч, селекторот на Грузијците Вили Сањол, истакна:
„Нема дилеми дека Македонија е најсилниот противник во групата. Нема да кажам дали ќе бидам среќен со еден или три бода, најважно е на крај да бидеме први во групата. Сметам дека со Македонија дома ќе ни биде потешко отколку во Скопје. Иако победивме на тој меч убедливо имавме грешки во играта, и тие мора да ги поправиме“ посочи Сањол.