И дефинитивно и официјално, Ќатип Османи е нов шеф на струката на Шкендија. Ќато, па не тој, па Јонузи, па пак Ќато, ете вака се одвиваше целата работа околу именувањето на нов тренер во Шкендија по заминувањето на Артим Шаќири. Сепак сега нема вече дилеми, популарниот Ќато се врати во својата Шкендија и сега е време некои работи да се мрднат.
Интересно, Ќато се врати во Шкендија токму во пресрет на супер – дербито со Шкупи, кое се игра во Тетово утре со почеток во 15 часот.