Османи: Во Шкендија ги имав најубавите моменти во мојот живот!

326

Ќатип Османи и официјално, од денеска е старо – нов шеф на струката во Шкендија. Човекот кој што на тетовци им ги донесе титулите во 2011, 2018 и 2019, по неколку години пауза одново се врати на клупата на својот најсакан клуб. Популарниот Ќато не го криеше своето задоволство при промоцијата денеска, а за клупските сајт на Шкендија, изјави:

Да се биде овде во Шкендија чувството е посебно. Шкендија е клуб во кој ги имав најубавите моменти во мојот живот, и како играч и како тренер. Среќен сум што се вратив во Шкендија, но исто така знам што не очекува во наредниот период. Со вистинска работа ќе се движеме кон остварување на нашите цели“ изјави Османи.

Тој во стручниот штаб на Шкендија ќе соработува со Башким Ливорека а тренер на голманите ќе биде Салејдин Мустафи.

Првиот меч по враќањето во Шкендија, Османи ќе го има против Шкупи и тоа утре, во меч од 8.коло во ПМФЛ.

ПретходноЕВРО 2022 -1/2 финале: Ќе може ли Полска до нова сензација!?
СледноМакедонецот е хит: Фановите на Абердин сега имаат песна за Бојан Миовски! (ВИДЕО)