Полјаците направија антирекорд на европските првенства

162

Кошаркарската репрезентација на Полска беше поразена во првото полуфинале на Европското првенство од селекцијата на Франција со 41 поен разлика и прописно се обрука во мечот кој одлучуваше за пласман во големото финале.

Полјаците во првите две четвртини за 20 минути игра постигнаа само 18 поени и со тоа поставија нов антирекорд. Ова беше првиот полуфинален натпревар на едно Европско првенство во кој една репрезентација дала помалку од 20 поени во првото полувреме, по Унгарија, која постигна само 12 поени против Чехословачка во далечната 1946 година.

ПретходноСП: Митров стигна до репасаж, но не и до медал, брза елиминација за Егоров и Весели
СледноМЗТ Скопје А. го „растури“ Борац БЛ и обезбеди финале на „Земун Куп 2022“