РК Вардар со јавна благодарност до Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски! (ФОТО)

719

Познато е дека пред извесно време јавно беше кажано дека општина Аеродром финансиски ќе го помогне РК Вардар, некогашниот двократен европски првак и актуелен шампион на Македонија. Па така сега, како вистински џентлмени, луѓето од клубот јавно, преку своите социјални мрежи, искажаа голема благодарност до општината и пред се градоначалникот Тимчо Муцунски.

Убаво е кога имаш партнери кои препознаваат што е европски бренд, го поддржуваат квалитетот, и имаат желба да помогнат да се задржат постигнатиот рејтинг и резултатите, па и да се оди чекор напред.

Вие верувате во нас, а ние ќе ви покажеме дека довербата е взаемна.

Општина Аеродром и г-дин Тимчо Муцунски, Ви благодариме!

Одиме напред!“ се вели во соопштението од страна на РК Вардар.

May be an image of 2 people and text

ПретходноКуп – 1/8 финале: Дербито е Струга ТЛ – Работнички, Вардар и А.Пандев со многу среќна ждрепка
СледноОд понеделник, 19. септември започнува продажбата на билети за мечот Македонија-Бугарија!