СП: Митров стигна до репасаж, но не и до медал, брза елиминација за Егоров и Весели

142

Македонските борачи денеска ги започнаа настапите на Светското првенство во Белград. Од тројцата кои се појавија на душекот, Дејан Митров единствен успеа да дојде во позиција да се бори за медал, но не успеа да го мине првиот репасаж-филтер.

Митров во категоријата до 79 килограми почна со победа од 3:2 над Унгарецот Вида, по што беше совладан убедливо од американецот Буроу со 12:1 во осминафиналето. Благодарение на пласманот на Буроу во полуфиналето, Митров доби шанса за репасаж, но загуби во првата борба со Сапармирадов од Туркменистан и со тоа остана без шанса да се бори за бронзен медал.

Разочарувачки настап имаше Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми, кој тргна со победа во квалификациите, но веднаш потоа во 1. Коло беше запрен од Порториканецот Круз, кој го порази нашиот борач со 3:0.

Во категоријата до 70 килограми пораз уште на стартот доживеа Фати Весели. Тој беше поразен во квалификациите од Рамазанов од Бугарија со 7:4.

За утре го очекуваме настапот на последните македонски надежи на ова светско првенство, Нуров и Алили.

ПретходноЕнрике со големи промени за мечевите со Швајцарија и Португалија од ЛН
СледноПолјаците направија антирекорд на европските првенства