Кристијано Роналдо синоќа беше стрелец од белата точка за тимот на Манчестер Јунајтед во мечот од Лигата на Европа против екипата на Шериф Тираспол.
Тој не ја има главната улога во тимот како некогаш и тоа на сите им е јасно зошто. Веќе не е така млад, има пред него далеку по подготвени играчи, а и самиот тој во потрага по нов клуб, летово пропушти голем дел од подготовките на Јунајтед. Менаџерот Ерик Тен Хаг застана во негова одбрана што е и нормално.
„Не можете да очекувате од Кристијано да биде во топ форма кога пропушти огромен дел од подготовките. Ќе треба напорно да работи за да ја постигне својата посакувана форма, и тоа е во ред. Сигурен сум дека тој ќе го стори тоа и дека головите кои ги постигнуваше редовно повторно ќе бидат тема. Тој е предан целосно на тимот и е значаен дел од него“ – изјави Тен Хаг.