„Фуријата“ ја оддува Германија и закажа финале со Франција во битката за европскиот трон

126

Шпанија е вториот полуфиналист на Евробаскетот 2022. Во извонредно интересно полуфинале вечерва во Берлин, „фуријата“ успеа со одлична игра во последната четвртина да стигне до пресврт и победа од 96:91 над домаќинот Германија, со што обезбеди петто финале за себе во последните 7 настапи на европските шампионати.

Германците во најголемиот дел од мечот одиграа блиску до противникот, а третата четвртина ја завршија со предност од 6 поени, која не успеаја да ја претворат во големо славје во последните 10 минути. Шпанија ја доби последната четвртина со убедливи 31:20 и со тоа на крајот обезбеди ново финале на ЕП по она последното во 2015 година кога го освои европското злато.

Шрудер беше извонреден во составот на Германија постигнувајќи 30 поени, додека кај Шпанија Браун со 29 поени беше најефикасен во новиот финалист на Евробаскетот 2022.

ПретходноГерманија бара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за Евро 2024
СледноДе Зерби ќе биде новиот менаџер на Брајтон?