Барса и Левандовски си поигруваа со Елче! (ВИДЕО)

167

Добра игра и убедлива победа на Барселона против Елче и тоа со 3:0, во натпревар од 6.коло во Ла Лига. Секако дека за ова да се случи во многу помогна и фактот дека гостите уште во првиот дел останаа со двајца играчи помалку поради црвените картони на Верду и Родригез.

Левандвски донесе водство во 34.минута, потоа на 2:0 зголеми Депај во 41.минута а полскиот интернационалец зголеми на 3:0 во таа 48.минута. Инаку ова беше осмиот гол на Роберт Левандовски во шестиот натпревар на Барса во оваа сезона. Со овие три бода Барса изби на чело на табелата со 16 бодови,еден повеќе од Реал Мадрид, но “кралевите“треба да ги одиграат дербито со Атлетико Мадрид.

ПретходноИгњатов: Тешко е да се игра под притисок, сепак Работнички заслужено победи!
СледноНово реми за Њукасл во Премиерлигата! (ВИДЕО)