Попладнево од 15 часот на програмата се четири натпревари од 8.коло во ПМФЛ. Секако дека во преден план е мега-пресметката под Шара, каде што Шкендија го дочекува шампионот Шкупи.Ова ќе биде екстра значаен меч и за двете екипи, имено Струга ТЛ веќе избега и тоа како бодовно,па секој кикс на Шкендија и Шкупи ќе биде трагичен за нив.
Јасно е дека не посакуваме да се повторат настаните од мај оваа година кога на последниот меѓусебен меч меѓу овие две екипи имаше од се по нешто, а најмалку фудбал.
Струга ТЛ на свој терен го дочекува забревтаниот Тиквеш. Нема дилеми за стружани, тие сакаат паузата да ја дочекаат со осмата победа во низа во ПМФЛ и ако може уште повеќе да им избегаат бодовно на своите ривали.
На Работнички и дефинитивно му “гори“.И покрај желбите, сепак тимот од Градска парк оваа сезона и тоа како жестоко ќе се бори за опстанок, а денеска ја дочекува Победа. Овој меч Работнички мора по секоја цена да го добие, ама мора. Калц Марковски го нема, Стојан Игњатов ќе го води Работнички на овој дуел.
Во Струмица битка на “европските“ А.Пандев и Македонија ЃП. Екипи кои летово ја претставуваа Македонија во Европа и кои на стартот од новата сезона не се ни бледа сенка од минатата сезона. Александар Васоски по враќањето на клупата на струмичани сеуште ја чека својата прва победа.
Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница е закажан за утре во 15 часот, додека Силекс е слободен во ова коло.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
А.ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
УТРЕ:
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 21, Силекс 14,Шкендија 11, Шкупи 10, Брегалница 10, Тиквеш 10, А.Пандев 7, Македонија ЃП 5, Победа 4, Работнички 4, Скопје 3,