Супер настап на Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва и нова победа!

215

Сара Ристовска продолжува со одличните настапи во дресот на рускиот гигант ЦСКА Москва. Па така денеска во меч од 2.коло во шампионатот на Русија, нашата ракометарка одигра навистина одлично и успеа во првиот дел, кога и играше, да постигне шест голови од исто толку обиди и да биде една од најзаслужните на победата на нејзината екипа против Динамо Синара со 33:21.

Инаку како што веќе напоменавме, Македонката играше само во првиот дел, со оглед на резултатот немаше ни потреба да влегува во продолжение од средбата.

ПретходноЌатип Османи по мега – дербито: Жалам што не го победивме Шкупи!
СледноАлкалоид остана перфектен, и Охрид падна пред дебитантот (ФОТОГАЛЕРИЈА)