Финалето на Лигата на шампионите би можело многу брзо да се одржи во Њујорк, пишува шпанскиот весник „АС“.
Според изданието, УЕФА ја разгледува оваа револуционерна одлука за која веќе се разговарало со компанија од САД за евентуално организирање на настанот. Можно е Њујорк да биде домаќин на финалето во 2024 година.
Ова ќе биде првпат финалето на Лигата на шампионите да се одржи во земја надвор од Европа.
„АС“ потсетува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е сериозно заинтересиран за ваква идеја, па дури и кога беше избран на функцијата во 2016 година, рече дека Њујорк може да биде домаќин на едно финале од ЛШ и дека навивачите нема да имаат проблем со тоа.