Во дербито на 5.коло во ВМФЛ, попладнево во Г. Речица екипите на Гостивар и Воска одиграа без победнии, 2:2. Супер интересен меч на кој имаше од се по малку, па дури и тепачка на дел од гледачите, како и кошкање на теренот меѓу играчите. Гостинот поведе со голот на Демири, за да Рамадани со двата гола му донесе водство на Гостивар, посебно вториот гол беше вистинска мајсторија. Сепак радоста на домашните ја скрати Јашароски со израмнувачки гол во самиот финиш на мечот.
Дома Фудбал Втора лига Гостивар – Воска 2:2: Многу борба, пресврт, мајсторија на Рамадани, на крај...