Икарди се степа на дебито за Галатасарај (видео)

126

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди дебитираше за Галатасарај во победата со 2:1 над Коњаспор во 7.коло на турската Супер лига. Тој влезе во игра од клупата во второто полувреме и некаде пред крајот на мечот влезе во физичка пресметка со противничките фудбалери. Тој му се фрли на гостинскиот голман Ибрахим Шехиќ.
Голманот сакаше бргу да ја исфрли топката напред но беше попречен од двајца фудбалери на Галатасарај. Тој остро реагираше по што Икарди се вмеша во пресметката се приклучија и други играчи. Судијата му покажа црвен картон на Шехиќ, а Икарди заедно со Муслера и Мидшо добија жолти картони.

ПретходноЛацио ќе им ги врати парите за билети на навивачите кои го гледаа очајот во Данска
СледноВардар рутински до победа против Прилеп