Мулти Есенс дебитира во прволигашкото друштво

237

Екипата на Мулти Есенс денеска против Шампиони ќе дебитира во Првата лига. Овој тим е наследникот на Алкалоид, и овој клуб се составен од млади македонски ракометари, со искуство од минатата сезона и годинава ќе прават напори за да напредуваат и да конкурираат за место во Супер лигата.

Во дресот на Мулти Есенс настапуваат репрезентативецот Ерманоски на голот, браќата Узунчеви, Омерагиќ и Јорданов на бековските позиции, кадетот Карасманакис и Тричковски на линијата, Мулти Есенс ќе биде крупен залак во оваа конкуренција.

На клупата го имаат Бранко Ангеловски, условите и вниманието што го има Алкалоид го има и Мулти Есен и треба да го пресликаат стилот на игра и сигурно ќе гледаме интересен ракомет од нив.

ПРВА ЛИГА – А
12:00  Бисинов фрут ленд – Текстилец
14:00  Мулти Есенс – Шампион
17:30   Македонија Ѓ. П. – О. Поле
19:00  Кичево – Јехона

ПРВА ЛИГА – Б
12:00   Партизан – Металург РА
16:00   Астраион – Аеродром
17:00   Борец – Преспа

ПретходноЈа донесе Германија во полуфиналето на Евробаскетот и потпиша за Лејкерси
СледноДерби во ВМФЛ: Силниот Гостивар ја “мерка“ Воска Спорт!