ОФИЦИЈАЛНО: Бобан Николов го облече дресот на романска Стеауа!

236

Денеска романскиот великан ФЦСБ (Стеауа) го објави трансферот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов. Македонскиот играч за врска веќе го одработи и првиот тренинг под водство на тренерот на тимот, Николае Дика.

„Добредојде Бобан Николов! 28-годишниот македонски играч од средниот ред веќе го потпиша договорот и го одработи првиот тренинг под команда на стручниот штаб предводен од Николае Дика. Нашиот клуб му посакува добредојде и нека има што повеќе успеси во црвено-синиот дрес!“, се вели од клупското соопштение.

Бобан Николов беше без ангажман по заминувањето од молдавски Шериф Тираспол.

ПретходноФиналето од Лигата на шампионите во 2024 година ќе се игра во Њујорк?
СледноФИФА донесе одлука: Еквадор ќе игра на СП во Катар, жалбата на Чиле одбиена!