ПМФЛ: Мега – дербито пак без победник, Струга ТЛ со осум од осум, победи за Работнички и Македонија ЃП! (ВИДЕО)

726

Се одиграа четири мечеви од 8.коло во ПМФЛ. Мега – дербито заврши без победник, ова беше седми меч во низа на кој кога играат еден против друг Шкендија и Шкупи не победуваат. Тетовци може да жалат, имаа повеќе од играта и неколку големи шанси, но Наумовски, голманот на гостите го спаси својот тим од пораз.

Струга ТЛ со нова победа, осма во серија и тоа со головите на Ибраими и Илиески. Нема што силна е оваа Струга ТЛ, тоа денеска на своја кожа го почуствува и Тиквеш кој ја прекина победничката серија.

Македонија ЃП со прекрасниот гол на Стојкоски успеа среде Струмица да ја победи А. Пандев. Ова беше втор пораз на тренерот Александар Васоски во вториот меч откако се врати на клупата на струмичани.

Работнички со голот на Рушевиќ ја совлада Победа, но сите честитки одат на адреса на голманот на победничкиот тим Игор Алексовски за сите оние удари кои ги скроти во вториот дел. Алексовски ја победи Победа.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 8.КОЛО

А.ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

(/Стојкоски 10.)

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1:0

(Рушевиќ 30./)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0:0

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 2:0

(Ибраими 9.. Илиески 88.)

УТРЕ:

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

СИЛЕКС (СЛОБОДЕН)

ПретходноТешка повреда на Ројс – веројатно нема да игра на СП! (видео)
СледноГостивар – Воска 2:2: Многу борба, пресврт, мајсторија на Рамадани, на крај дербито без победник!