Завршија првите полувремиња на денешните мечеви од 8.коло во ПМФЛ. На мега – дербито во Тетово резултатот е 0:0. Во убава фудбалска атмосфера, Шкендија имаше повеќе од играта, имаше иницијатива, имаше и две шанси преку Шаља и Цаке, но немаше голови.
Феноменален гол на Стојкоски за водство на Македонија ЃП во Струмица против А. Пандев. Струга ТЛ и Бесарт Ибраими не запираат, нов гол на “бомбардерот“ за водство на лидерот против Тиквеш.
Работнички со голот на Рушевиќ ја круниса добрата игра и води против Победа.