Шпанската кошаркарска репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство, во Берлин го совлада домаќинот Германија со 96:91. „Фурија“ стигна до нов медал од големите натпреварувања, а тренерот Серџ Скариоло не можеше да го сокрие ентузијазмот по епската победа.
„Пред се, честитки за Германија на шампионатот, тие се неверојатен тим, силен противник, нивната публика создава одлична атмосфера во арената, ги поддржуваше до самиот крај, но во исто време, не можам да најдам зборови за да им честитам на моите играчи. Одигравме над очекувањата, овој медал е најмалку очекуван од сите, но во исто време е изграден на заедништво, желба да се надминат границите физички. Имавме големи м**иња имавме. Погодивме десет шута, имавме одлична одбрана. Не ја фрливме топката во погрешни раце. Имавме неколку лоши минути во втората и третата четвртина, но успеавме да ги надминеме пречките, верувавме во себе, затоа и славевме во овој неверојатен натпревар“, изјави Серџ Скариоло.