Шкендија – Шкупи е супер дербито од 8.коло во ПМФЛ.Дерби за уживање, дерби за одмерување на силите, дерби во кое се среќаваат гигантите на мак – фудбалот во моментов. Пресметка, мега-пресметка за полни трибини на Градскиот стадион во Тетово. Денеска централен настан во спортска Македонија секако дека е дуелот Шкендија – Шкупи.
Ќатип Османи вчера официјално се врати во својата Шкендија, а денеска ќе го води тимот против шампионот, против тимот кој исто така преди извесно време го водеше.
Во Шкендија владее оптимизам,сите веруваат во победа и радост над лутиот ривал.
Кога сме кај традицијата кога играле овие две екипи, интересен податок. На последните шест дуели немало победник, завршувале нерешено.Шкендија на последните четири меча во Тетово нема победа над Шкупи, ете мотив повеќе за момците ма Ќато.
Последната победа била во декември 2019 година кога беше 4:0, додека Шкупи последен пат ја победил Шкендија точно пред три години, и знаете кој тогаш беше тренер на чаирчани? Па токму Ќатип Османи. Инаку вкупно овие две екипи одиграле 26 меча,Шкендија победила на 13,Шкупи само на три, а дури 10 завршиле без победник.
Инаку денеска во дресот на Шкупи ќе настапи Бесир Демири, некогашен член на Шкендија. Тој пред овој натпревар изјави:
“За нас ова е еден од најважните натпревари во првенството. Сите ние знаеме која е Шкендија, сепак Шкупи е шампиони ќе оди на победа.Нека биде убава фудбалска претстава, фер натпревар за уживање.На крајот нека победи фудбалот“ посочи Демири.
Супер – дербито е закажано за во 15 часот, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.