Столе и Рајо поразени во Билбао

80

Тимот на Рајо Ваљекано со нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски како чувар на мрежата, се поразени на гостуањето вечерва кај Атлетик Билбао со конечни 3:2.

Клучен момент на овој дуел беше стартот на мечот во кој се случија главниот дел од нештата. Рајо поведе со 0:1 преку Трехо во петтата минута, но потоа до 33. минута се случи комплетен пресврт. Инаки Вилијамс, Сенсет, и Нико Вилијамс погодија за 3:1 по што на гостите им беше тешко да се врати резултатски.

Во самиот финиш Радамел Фалкао намали на 3:2 но тоа беше се што Рајо можеше да направи на овој дуел.

 

ПретходноСасуоло со „шок терапија“ за Торино
СледноЧави „пречкрта“ три ѕвзеди, нема место за нив во тимот!