Во Г. Речица се игра и дербито на ВМФЛ меѓу Гостивар и Воска Спорт. По првиот дел резултатот е 1:1, но треба да се одбележи дека во еден момент имаше и голем инцидент, односно тепачка меѓу гледачите или на дел од нив на овој натпревар. За среќа се брзо се заврши па можеше овој меч да се следи помирно. Инаку натпреварот изобилува со голема борба, и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни.