Тешка повреда на Ројс – веројатно нема да игра на СП! (видео)

314

Напаѓачот на Борусија Дортмунд Марко Ројс повторно се повреди. На денешното дерби на Рур, Ројс мораше да го напушти теренот уште по половина час игра откако врз него стартуваше еден фудбалер на Шалке.
Германскиот репрезентативец остана на тревата со плач, а лекарите неколку минути му укажуваа помош. Потоа со носилки го изнесоа на теренот. Се работи за повреда на зглобот, а по гримасата се чини дека е тешка.
Ројс нема среќа со повредите. Таман влезе во форма, сега пак ќе паузира. Поради повреди тој го пропушти ЕП 2012, СП 2014, ЕП 2016, ЕП 2021. Сега на неполни два месеци се повреди големи се шансите да го пропушти и Мундијалот во Катар.

ПретходноБањаја до пол-позицијата во Арагон
СледноПМФЛ: Мега – дербито пак без победник, Струга ТЛ со осум од осум, победи за Работнички и Македонија ЃП! (ВИДЕО)