Тотенхем го „уби“ Лестер, Сон со хет трик за 13 минути (ВИДЕО)

120

Тимот на Тотенхем на најдобар можен начин предмалку покажа и докажа дека сериозно треба да се смета на овој тим како легитимен претендент за титулата во Премиер лигата.

Избраниците на Антониот Конте изборија триумф од фантастични 6:2 против Лесте рво изведба која е за секоја пофалба.

Ако на стартот на самиот дуел, по само три минути игра гостите добија оправдано досуден пенал, и го реализираа од „втора“, (првично Лорис одрани, но пеналот беше повторен затоа што ниту една негова нога не беше на гол линијата), тоа требаше да значи проблем не беше така. Кулушевски со асистенција за Кејн кој во осмата минута погодува со глава, за 1:1, а потоа Ерик Даер во 21. носи домашно водство од 2:1.

На полувреме сепак, се отиде со 2:2 затоа што Медисон постигна гол. Бентанкур по огромната грешка на Ндиди носи ново водство за Тотенхем во 47. минута, а потоа на сцена стапува Хеунг Мин Сон. Овојпат во улога на резерва во 73. до 86. минута постигна три гола кој од кој поубав и буквално му нанесе на Лестер тежок дебакл.

ПретходноАлегри: И Милан и Интер да играат без петмина првотимци ќе им биде тешко
СледноВаленсија сигурна против Селта