Финалето од Лигата на шампионите во 2024 година ќе се игра во Њујорк?

291

Финалето на Лигата на шампионите би можело многу брзо да се одржи во Њујорк, пишува шпанскиот весник „АС“.

Според изданието, УЕФА ја разгледува оваа револуционерна одлука за која веќе се разговарало со компанија од САД за евентуално организирање на настанот. Можно е Њујорк да биде домаќин на финалето во 2024 година.

Ова ќе биде првпат финалето на Лигата на шампионите да се одржи во земја надвор од Европа.

„АС“ потсетува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е сериозно заинтересиран за ваква идеја, па дури и кога беше избран на функцијата во 2016 година, рече дека Њујорк може да биде домаќин на едно финале од ЛШ и дека навивачите нема да имаат проблем со тоа.

ПретходноБензема не се појави на тренинг, нема да биде во тимот за дербито со Атлетико
СледноОФИЦИЈАЛНО: Бобан Николов го облече дресот на романска Стеауа!