Шкендија на денешното мега – дерби против Шкупи едноставно беше подобра, имаше повеќе шанси, но немаше среќа, или поточно голманот на гостите Кристијан Наумовски беше феноменален, па го спаси својот тим од пораз, и тоа висок пораз. Резултатот на крајот беше 0:0.
Ова беше прв меч на Ќатип Османи на тренерска клупа откако се врати во Шкендија.
„Навистина жалам што не го победивме Шкупи. Шкендија беше подобра, создаде повеќе шанси, но ете, гостинскиот голман беше одличен.Јасно е дека ние ги заслуживме тие три бода. Мојот тим одигра добро, доминираше во текот на целиот тим, не беше добра само реализацијата, тоа беше проблемот што не победивме“ изјави стратегот на Шкендија.