Алкалоид остана перфектен, и Охрид падна пред дебитантот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

202

Алкалоид продолжи во ист ритам. Избраниците на Кирил Лазаров го совладаа Охрид на домашен терен со 24-22 (12-11) во рамките на третото коло во Супер-лигата. Голманите на двата тима беа одлични, Трајковски имаше 10 интервенции, додека Цинцадзе запиша 16.

Стојков постигна шест гола, три гола реализираше Илиески. Озтурк запиша шест кај гостите, еден помалку имаше Бојаниќ.

Гостите само на почетокот имаа водство (0-1, 2-3), по што домашниот состав со серија од 3-0 поведе со 5-3, го наметна своето темпо, дојде на плус три 10-7, па застана. Охриѓани влегоа во ритам, изедначија на 11-11 пред одморот. Ова беше период во кој Алкалоид немаше постигнато ниту еден гол, сепак на одморот водеше со 12-11.

Вториот дел, поточно првите осум минути минаа во знакот на Алкалоид, со серија од 5-1 поведе со 17-12 во 38 минута. На другата страна гостите во овој дел постигнаа само еден гол. Вториот погодок беше дело  на Грубуќ во 45 минута. Лазаров повика тајм-аут, откако виде нов пад на неговите момци од седум минути, веднаш вроди плод. Неговите момци веднаш ја прекинаа црната серија и одржуваа предност од четири до пет гола.

Охриѓани се обидоа во финишот да приредат пресврт, дојдоа на 19-17, но Митев во вистинско време ги подигна своите момци. Тасевски успеа да намали на 22-20 на минута и пол, но Младеновиќ се снајде и ја најави победата, погодоци за 23-20.

Јуниор К.В беше немоќен против Тиквеш, на домашен терен беше совладан со 25-32. Ова беше дуел од групата Б, кој беше решен по едно полувреме во кое гостите имаа позитива од пет гола (10-15). За кавадарчани ова беше втора победа, имаат и пораз, додека домаќинот го запишаа вториот пораз, имаат и реми.

ПретходноСупер настап на Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва и нова победа!
СледноАлегри: И Милан и Интер да играат без петмина првотимци ќе им биде тешко