Вардар рутински до победа против Прилеп

66

Ракометарите на Вардар ја забележаа третата победа во Суперлигата. По победите над Вардар Неготино и Бутел, сега „црвено-црните“ го победија Прилеп во гости со 34:19 (17:12). Ракометарите на Прилеп издржаа во првите 15 минути кога беа во позитива, потоа вардарци ги преземаа работите во сои раце. Го свртеа резулататот (7:6) и потоа ја зголемуваа предност за на крајот да впише убедлива победа.
Кај Вардарци најефикасни беа Дејан Манасков со осум, Филип Талески со шест и Јан Чувара со пет погодоци. Кај Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со десет гола.

ПретходноИкарди се степа на дебито за Галатасарај (видео)
Следно„Граѓаните“ убедливи во Вулверхемптон, Халанд со гол и рекорд (видео)