Го нарекоа „мајмун“, Реал Мадрид ќе покрена тужба!

197

На дел од шпанската фудбалска јавност не и се допаѓа прославувањето на голот на Винисиус Жуниор. Офанзивецот на Реал головите ги прославува танцувајќи, што е карактеристично за доста јужноамерикански фудбалери. Винисиус беше особено критикуван од Педро Кастро, претседател на Здружението на шпански агенти.

„Ако постигнете гол, а потоа танцувате самба, одете на Самбодром. На терен треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече тој во една емисија во „Ел Чирингинто“ .

Откако го слушнал зборот „мајмун“, водителот го прекинал неговиот говор и му рекол: „Не можеш така да ги нарекуваш луѓето, немој да го правиш тоа повторно“. Сега се огласи и Реал Мадрид.

„Реал Мадрид ги осудува сите расистички и ксенофобични испади во светот на фудбалот и спортот, но и во животот воопшто, а особено ги осудуваме коментарите упатени кон нашиот фудбалер Винисиус \Жуниор во последните неколку часа. Реал Мадрид сака да ја покаже љубовта што ја има кон Винисиус Жуниор, фудбалер кој разбира дека единствениот однос кон фудбалот е оној заснован на радост, почит и спортски дух.

Фудбалот е најглобален спорт што постои и мора да биде пример кога се во прашање вредностите на соживот. Клубот ги овласти нашите адвокати да покренат правна постапка против секој кој ги навредува нашите играчи со расистички испади“, соопшти Реал Мадрид.

ПретходноБарселона наметна ново интерно правило!
СледноБекам чекал половина ден за да и оддаде чест на Кралицата (ВИДЕО)