Екипата на Манчестер Сити лесно стигна до убедлива победа во 8. коло од Премиер лигата. Совладан во гости беше Вулверхемптон со 3:0. Уште во 1. минута стрелаше Џек Грилиш, а во 16. минута Ерлинг Халанд го зголеми резултатот.
Тоа е негов 11. гол сезонава во Премиер лигата, а воедно е првиот фудбалер кој постигнал гол(ови) на првите четири гостински натпревари во најсилната англиска лига. Му даде два на Вест Хем, по еден на Њукасл, Астон Вила и сега на Вулверхемптон.
Во 69. минута Фил Фоден ги постави конечните 3:0. Двоен асистент на мечот беше Де Брујне, а мораме да кажеме дека Вулверхемптон од 33.минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Колинс за груб прекршок.
Сити е лидер со 17 бодови, два повеќе од Арсенал кој има и меч помалку, а Вулверхемптон е на 16 позиција.
Денеска ќе играат уште Њукасл-Бормут и Тотенхем-Лестер.
Y cómo era de esperar, gol de Erling Braut Haaland
Lo del noruego carece de sentido
— En el VAR (@EnElVar) September 17, 2022