Љупчо Димитковски е новиот тренер на екипата на Каменица Саса. Второлигашот остана без кормилар по заминувањето на Иван Варадиновски, а замена пронајде во искусниот стратег од Кавадарци.
Димитковски седнува на клупата на Каменица Саса во обид да ја крене ситуацијата на резултатски план затоа што на стартот на ВМФЛ сезоната во Каменица е поприлично лошо.
Димитковски има прволигашко искуство со тимот на Хоризонт Турново, со кој своевремено избори пласман во Европа, а потоа ги водеше и екипите на Тиквеш, Плачковица, Детонит….