Лацио ќе им ги врати парите за билети на навивачите кои го гледаа очајот во Данска

103

По катастрофата која ја доживеаја на гостувањтео во Данска на мечот со Митјиланд во Лигата на европа, првите луѓе на италијански Лацио решија да им се оддолжат на сите навивачи кои потрошија и пари и време да отпатуваат во Данска за да ги бодрат своите миленици. Лацио загуби со убедливи 5:1, а клупското раководство денеска соопшти дека ќе им ги надомести сите трошоци за купените билети на 225 навивачи кои присуствуваа на натпреварот во четвртокот.

По две кола во Лига Европа, сите екипи од групата Ф имаат по три бода. Лацио одамна не памети вака лоша претстава во европските купови.

ПретходноФИФА донесе одлука: Еквадор ќе игра на СП во Катар, жалбата на Чиле одбиена!
СледноИкарди се степа на дебито за Галатасарај (видео)