Денеска романскиот великан ФЦСБ (Стеауа) го објави трансферот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов. Македонскиот играч за врска веќе го одработи и првиот тренинг под водство на тренерот на тимот, Николае Дика.
„Добредојде Бобан Николов! 28-годишниот македонски играч од средниот ред веќе го потпиша договорот и го одработи првиот тренинг под команда на стручниот штаб предводен од Николае Дика. Нашиот клуб му посакува добредојде и нека има што повеќе успеси во црвено-синиот дрес!“, се вели од клупското соопштение.
Бобан Николов беше без ангажман по заминувањето од молдавски Шериф Тираспол.