Холанѓаните не им дадоа визи: Струмица Н. без Русите на првиот меч од ЛШ

303

Одбојкарите на Струмица Н. сериозно ослабени заминуваат на гостувањето во Холандија на првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионте. Иако во текот на целата измината недела се обидуваа да ги добијат потребните визи за влез во Холандија, руските интернационалци Александер Злобин, Алексеј Лободин и Максим Михаилов не добија „зелено светло“ за влез во Холандија.

Тренерот на македонскиот шампион Кире Ричлиев останува без ударното трио во тимот кое, ако е некаква утеха, ќе може да игра на реваншот во Скопје и да и помогне на Струмица Н. да се избори за место во втората елиминациска рунда.

Ричлиев и неговиот прв асистент Атанас Милев за првиот меч во Апелдорн во вторник (19:30 часот) на располагање ќе имаат 12 одбојкари меѓу кои и само еден интернационалец, Колумбиецот Жоан Берио и едно младо име од Канада со македонско потекло, Деан Глобоцки.

СОСТАВ НА СТРУМИЦА ЗА ПРВИОТ МЕЧ СО ДИНАМО АПЕЛДОРН:

(3) Ефтим Ричлиев

(5) Јован Милев

(9) Славе Наков

(8) Ване Арапов

(13) Владо Милев

(16) Стојан Илиев

(14) Тоше Ефремов

(11) Филип Деспотовски

(15) Деан Глобоцки

(4) Васе Михаилов

(6) Костадин Ричлиев

(10) Жоан Берио

ПретходноСкариоло: Игравме со ма*иња!
СледноБензема не се појави на тренинг, нема да биде во тимот за дербито со Атлетико