Ја донесе Германија во полуфиналето на Евробаскетот и потпиша за Лејкерси

221

Германија не успеа да го добие дуелот за финале на Евробаскетот пред своите гледачи во Берлин, во полуфиналето беше поразена од Шпанија со 96:91 и покрај одличниот настап на Денис Шрудер, кој постигна 30 поени со осум асистенции, со што го подобри просекот на првенството на 21,6 поени и 7,3 асистенции.

Шрудер го започна Евробаскетот како слободен играч, но беше јасно дека по настапот ќе добие понуда од НБА, каде ги мина последните девет години. Изненадување е што конечно ја прифати понудата на ЛА Лејкерс со кои се раздели само по една година порано во непријатни околности.

Шрудер потпиша едногодишен договор вреден 2,4 милиони долари со Лејкерси настапуваше во сезоната 2020/21, од каде замина за Бостон каде остана само три месеци за во февруари годинава беше трејдуван во Хјустон каде доживеа повреда на рамото и предвреме ја заврши сезоната.

ПретходноСпектакл: Шкендија со Ќато ќе „удри“ на Шкупи!
СледноМулти Есенс дебитира во прволигашкото друштво