Серџо Скариоло дефинитивно е клучот за големиот успех на Шпанија на Европското првенство. Италијанецот е сето она што и беше потребно на „фуријата“ низ годините наназад. Во 2019 година ја искачи оваа земја на светскиот трон, а вечерва во Берлин на оваа земја и ја донесе четвртата европска круна.
Шпанија беше фаворит во сенка, но „магионичарот“ на клупата на оваа репрезентација паметно ги влечеше сите потези. Новата Шпанија си оди со златен медал на градите.
Веќе социјалните мрежи се исполнети со бројни коментари, а ФИБА Европа заклучи – на Скариоло треба да му се изгради статуа во Шпанија.
Sergio Scariolo delivers with whatever 🇪🇸 Spain team he has 🔥
🥇 2009 EuroBasket
🥇 2011 EuroBasket
🥈 2012 Olympics
🥇 2015 EuroBasket
🥉 2016 Olympics
🥉 2017 EuroBasket
🥇 2019 World Cup
🥇 2022 EuroBasket#EuroBasket pic.twitter.com/e7X0fMWfql— BasketNews (@BasketNews_com) September 18, 2022