Новајлијата во италијанската Серија А, Монца, која освои само бод во шесте претходни кола во дебитантската сезона, денеска ја постигна првата победа и тоа против големиот фаворит – Јувентус. Тимот на Берлускони и Галијани славеше над „Старата Дама“ со 1:0.
Последнопласираниот тим од лигата ја продолжи агонијата на торинскиот тим До првиот триумф, Монца стигна со голема помош на искусниот Анхел Ди Марија, кој во 40. минута со лакт во градите удри еден од домашните играчи, па судијата Мареска му покажа директен црвен картон.
Домашниот тим успеа да постигне гол во 74. минута и практично да му го отвори патот на Алегри до отказ на кормилото на Јуве.
GOOOOOOOOL del Monza.
Christian Gytkjær abre el marcador ante la Juventus que juega con 10!!!#MonzaJuve 1-0 #SerieA pic.twitter.com/weVzKLM7UU— AnaDeportes (@Ana_deportes) September 18, 2022
Денеска Лацио беше убедлив на гостувањето кај Кремонезе (4:0), додека Фиорентина ја победи Верона со 2:0.