Реал е главен во Мадрид (ВИДЕО)

160

Големото дерби на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал, кое се играше на стадионот Ванда Метрополитано, заврши со победа на гостите од 1:2. Долго очекуваниот дуел, кој како и секогаш и овојпат беше екстремно борбен, фајтерски и пребогат со возбудувања ги оправда сите очекувања.

Се радуваше Реал Мадрид пред се благодарение на тоа што ги искористи своите шанси во вистинско време. Во првото полувреме кога и дојде до двојна предност, како што ќе се покаже подоцна и недостижна за домаќинот.

Родриго на прекрасната акција на Модриќ и Чуанеми реализираше за 0:1 во 18. минута, а потоа Винициус побегна во 36. минута по таа негова лева страна шутираше, а на одбиената топка налета Валверде и заби за 0:2.

Тогаш стана јасно дека на Атлетико ќе му биде ѓаволски тешко да дојде до поволен резултат. Домашните изгинаа на теренот, дојдоа до посакуаниот гол но очигледно прекасно. Хермосо искористи една одбранбено колективна грешка на Реал во 83 минута по еден корнер и намали на 1:2, но тоа беше се од домаќинот. Истиот играч за две минути доби два жолти картони и исклулување како печат на триумфот на гостите на овој дуел.

ПретходноНаполи триумфално низ Милано (ВИДЕО)
Следно„Магионичарот“ Скариоло заслужува статуа во Шпанија!